Со патувачка гајба и поставки во неколку градови на земјата започна големата прослава по повод 100 години постоење на омилениот бренд на пиво на овие простори – нашето Скопско, кое е дел од сите важни прослави и моменти во животот. Во текот на месец август караванот на Скопско помина низ шест различни градови од земјата и ја донесе славеничката атмосфера поблизу до луѓето, а роденденската прослава ќе кулминира на 21 септември, кога Скопско ќе ја организира огромна летна журка во Скопје и ќе ги подигне чашите во вис за да наздрави за следните 100 години заедно!
Патувачката гајба досега беше во неколку градови во нашата земја, Струмица, Куманово, Охрид, Прилеп, Штип и Битола. Поставката која симболично ја доби формата на пивска гајба е всушност подвижен, монтажен музеј во чија внатрешност можат да се видат интересни информации за брендот Скопско, за самото пиво и за начинот на кој се подготвува. Секој можеше да понесе со себе и фотографија од него и Скопско која означува некаков посебен момент, кои потоа во дигитална форма се изложуваа како дел од поставката во патувачката гајба. А надвор од неа, посетителите имаа можност да уживаат во забавата која имаше различна програма за секој град, како и да ја гасат жедта со ладно Скопско наточено на некој од продажните штандови.




