4 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе зголемува оперативната загуба на „Dolce & Gabbana“

Се зголемува оперативната загуба на „Dolce & Gabbana“

„Dolce & Gabbana Holding“ објави поголема од очекуваната оперативна загуба од 13 милиони евра за фискалната година до март. Ова се случи откако гигантот ги зголеми инвестициите во својата мрежа на продавници и во одделот за убавина.

Во претходната фискална година оперативната загуба била 1 милион евра, покажуваат документите поднесени до Италијанската стопанска комора.

Иако бараше поголема инвестиција, одлуката за интернализирање на козметичкиот бизнис што „Dolce & Gabbana“ го оствари ги зголеми приходите, откриваат документите.

Холдинг-компанијата, која ја контролира италијанската модна куќа основана од дизајнерското дуо Стефано Габана и Доменико Долче, објави пораст на приходите од 17% до 1,87 милијарди евра во 12-те месеци до 31-ви март.

Приходите од продажба во Европа, кои сочинуваат 50 отсто од продажбата на одделот за мода и домашни производи, се зголемија за 6 отсто од година во година. Приходите во другите клучни географски области беа намалени, а американскиот пазар падна за 13%.

Побарувачката за луксузни стоки се олади ширум светот по исклучително силното закрепнување по пандемијата, што претставува голем предизвик за некои брендови, додека перформансите низ секторот варираат во голема мера.

Во јули, „Reuters“ објави дека „Dolce & Gabbana“ најверојатно ќе побара малцински инвеститор во блиска иднина, откако извршниот директор Алфонсо Долче изјави за италијански весник претходно истиот месец дека модната куќа може да го стори тоа или да размисли за излегување на берзата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП