11 април, 2025
ПочетнаСВЕТКрај на една ера: Готово - ги затворија сите електрани на јаглен

Крај на една ера: Готово – ги затворија сите електрани на јаглен

Последната електрана на јаглен во Велика Британија ќе биде затворена овој месец, со што ќе заврши 140-годишното користење на горивото за производство на електрична енергија.

Првата електрана на јаглен во светот е изградена во Лондон во 1882 година, а Велика Британија ќе стане првата земја од Групата седум најразвиени економии (Г7) која ќе го елиминира јагленот од производството на електрична енергија.

Фабриката во Нотингемшир ја доби последната пратка гориво во јули, а нејзините котли, кои достигнуваат температури од 1.000 Целзиусови степени за време на работата, сега се студени.

Процесот на напуштање на јагленот во Обединетото Кралство е брз. Во 1990 година, јагленот сè уште беше извор на поголемиот дел од електричната енергија во земјата, но постепено беше заменет со гас и обновливи извори на енергија.

Секој од тие два извори сега обезбедува околу една третина од електричната енергија во земјата, а остатокот се произведува од нуклеарна и биоенергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП