Продолжуваат тензиите меѓу Бразил и Маск.
Тензиите меѓу Бразил и Маск се зголемија. Бразил официјално ја поддржа одлуката на судијата да ја забрани социјалната мрежа X. Судот утврди дека X свесно дозволува објавување пораки со омраза и лаги за електронскиот систем за гласање во земјата, што негативно влијае на бразилската демократија.
Бразил не сака да ја трпи десничарската идеологија на Маск. Ова е пораката што ја повторуваат функционерите на оваа земја.
Компанијата Х беше казнета, но на мета беше и Starlink. Бразилското регулаторно тело посочува дека има шанси сметките на Starlink да бидат замрзнати додека не се платат сите казни на компанијата X. Дополнително, се зборува за можна забрана за двете компании во Бразил.
Засега Маск не може да ја коментира својата незгодна позиција во Бразил. Во моментов, X е недостапен за повеќето корисници во земјата.