17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовото „Миле ми текна“ е „а да поевтинат тетратките и моливите“

Новото „Миле ми текна“ е „а да поевтинат тетратките и моливите“

По препукувањето на двајцата политички лидери, Венко Филипче и Христијан Мицкоски за тоа кој повеќе се грижи за стандардот на граѓаните, премиерот реши сепак да воведе една мерка за подобрување на куповната моќ. Откако Мицкоски беше дециден дека неговата влада нема спроведува меки за намалување на инфлцијата како што тоа го правеа владите на СДСМ, со образложение дека резултати немало од нив, сега премиерот на владина седница ќе носи мерки за набавка на училишен прибор и останати материјали кои се потребни на учениците за старт на учебната година.

Цените на храната не престанаа да растат и со новата влада. Граѓаните се потешко го протуркуваат месецот, а премиерот пред десетина дена јавно соопшти дека не планира да воведува мерки за намалување на трошоците на живот на граѓаните.

Ваквите политики на власта дојдоа како нарачани за опозицијата која со серија критики ја обвини владата дека не работи во интерес на граѓаните. Ставот на опозицијата е дека во нивниот мандат се случиле најголемите кризи во последните 50 години, а тие преку антикризни мерки успевале да ја скротат инфлацијата, но што е најважно според нив и да ги зголемуваат платите и тоа секоја година.

Овој тренд велат дека не го продолжува владата предводена од ВМРО -ДПМНЕ. На само еден ден од ова тврдење на лидерот на опозицијата Венко Филипче, премиерот Христијан Мицкоски по првиот ден од учебната година изјави дека планира да ги замрзне цените на училишниот прибор.

„Правиме анализа на сите трошоци и мислам дека во текот на денов ќе биде готова и утре на седница на Владата ќе излеземе со план за лимитирање на цените на производите кои се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година, но и периодот после летото да можеме да го поминеме“, вели премиерот Мицкоски.

Овој потег опозиционерите го гледаат само како несериозно однесување на власта кон граѓаните. Ваква мерка велат ако искрено сакале да помогнат на родителите кои имаат првачиња или ученици во семејството, не се воведува кога училишната година ќе почне, туку многу порано. Сега веќе родителите имаат купено се за децата.

„Не е за верување обидот на Мицкоски да ги изманипулира родителите дека ете Владата нешто ќе помогне за учениците. Платите не ги покачува, цените на прехрамбените производи не ги замрзува, но ќе ги замрзен цените на школскиот прибор кој е веќе набавен од мнозинството ученици и родители. Ова е потсмевање на маката на родителите и ништо друго“, велат од СДСМ.

Само пред неколку дена, целиот регион воведе мерки за зауздување на новиот бран на инфлација. Храната секаде повторно енормно поскапува, но власите на државите од опкружувањето решија да замрзнат цени или да намалат маржи на прехранбените производи. Само македонскиот премиер излезе со молба до бизнисот да не ги зголемува цените на храната. Најдоцна до средината на овој месец на сила треба да стапи Законот за нефер трговски практики кој има за цел да стави ред во ланецот на трговија на храна.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП