30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАMotorola претстави концепт за модуларен смартфон

Motorola претстави концепт за модуларен смартфон

motorolala

Мобилното одделение на „Motorola“ го претстави проектот со кодно име „Ara“ со кој е прикажан модуларениот смартфон.

Концептот за сличен уред веќе неколкупати беше прикажан од различни дизајнери и ескперти, но под различни форми на проекти и под други марки, но сега за прв пат зад ваков проект стои така големо име, како новиот сопственик на „Motorola“,  „Google“.

Концептот во пракса претставува основен блок (скелет), на кој можат да се стават различни хардверски делови кои би ги избрале потрошувачите, како потребниот процесор, екран, тастатура, камера, батерија, различни сензори и друго.

Најважниот детал во случајов е тоа што корисникот може лесно без да го менува целиот уред да одлучи дека му треба многу подобра камера и едноставно да ја додадете во својот модел, без да е потребно да купува во целина нов уред.

Се уште не е познато кога ќе видиме сличен уред , но „Motorola“ најави соработка со „Phoneblok“, кој неодамна прикажа сличен амбициозен концепт на модуларен паметен телефон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП