13 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегионот со интервентни мерки за инфлацијата, македонскиот премиер само со препораки до...

Регионот со интервентни мерки за инфлацијата, македонскиот премиер само со препораки до трговците!

Проблем со контунуираниот раст на цените на храната и натаму имаат сите држави од регионот. Дел од државите ги замрзнаа маржите, некој ги ограничи цените на огромен број на прехранбени производи, има и најави за поригорозни инспекциски контроли, само во Македонија властите ги замолија трговците, односно дадоа препорака во иднина да не ги зголемуваат цените на храната.

Наместо воведување на сериозни мерки за ставање на конечен крај на раст на инфлацијата, премиеорт Христијајн Мицкоски смета дека со препорака ќе им се помогне на граѓаните. Премиерот ги замоли трговците да работат совесно, а мерки нема да воведува бидејќи смета дека тоа е погрешна политика.

„Ние сме пазарна економија, пазарот ги диктира цените. Ако влеземе во една политика на ограничување, тогаш видовте какви резултати ни даде таа политика, ни даде спротивни ефекти од тие што ги очекувавме.“ изјави премиерот Христијан Мицкоски

И додека во Македонија „царува“ пазарната економија, црногорската влада реши да ги ограничи маржите на големо и мало. Оваа мерка ќе важи за 66 производи, а веќе на основните пет прехранбени производи владата во Црна Гора маржите ги ограничи пред два месеци. Овие мерки во Црна Гора ќе важат до 31 јануари следната година. Во соседна Србија вчера беше промовирана мерка за намалување на 81 прехранбен производ. Намалувањето на цените во просек според мерката изнесува 25 отсто. Според информациите оваа мерка во Србија би траела околу три месеци. Пресметките на властите во Србија се дека граѓаните би заштедиле околу 200 евра месечно. Од друга страна информациите од Босна и Херцеговина се дека тамошните граѓаните не се задоволни од контролите на инспекциите врз трговците. Се жалат дека цените на храната растат и дека немаат доволно заштитни механизми. Властите експресно најавија засилени контоли за непочитувачите на правилата во синџирот трговија. Од друга страна официјалните податоци за Македонија велат дека ланците на  маркети книжат милионски добивки додека граѓаните мака мачат како да го протуркаат месецот. Приходите на петте најголеми ланци на маркети во 2023 година се движат од 100  до 270  милиони евра.

И.П.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП