19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФерари гради нова Ф1 фабрика во Маранело

Ферари гради нова Ф1 фабрика во Маранело

fabrika ferari

Изминатиот викенд германскиот возач во тимот на Ред Бул, Себастијан Фетел дојде до својата четврта последователна титула во натпреварите од Формула 1 и со тоа на својот тим му обезбеди исто толку титули во конкуренцијата на конструктори.

Се со цел да се спречи оваа доминација на Ред Бул, Ферари има во план да изгради нова Ф1 фабрика во своето седиште во Маранело. Нормално главната цел на овој проект е да се прекине постот долг шест години кога станува збор за титулите во Формула 1, пехар кој последен пат го освоија во 2007-та година.

Според плановите новата фабрика ќе биде многу голема и во неа ќе бидат сместени сите вработени на компанијата која брои околу 700 луѓе, кои ќе работат ексклузивно само за Формула 1 тимот на оваа компанија.

Развојните активности ќе вклучуваат и во целост подобрен воздушен тунел, како и нов симулатор за возење на Ферари Ф1 возилата. Според плановите на компанијата, фабриката би требало да биде готова за најмногу една година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП