Средставата кои неколку месеци се најавувани за изградба на локално ниво со пари од централниот буџет ќе бидат официјално обезбедени на утрешната владина седница. Од партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ веќе соопштија дека сите локални самоуправи кои ќе аплицираат со проект кој е во насока подобрување на квалитетот на живот на граѓаните ќе добијат пари од државната каса, без разлика дали општината ја води кадар од нивната партија или не.
Од владата најавуваат дека на утрешната владина седница министерството за локална самоуправа ќе објави дека распишува јавен оглас за аплицирање на општините со проекти кои ќе се финансираат со пари од државниот буџет.
„Министерството за локална самоуправа час поскоро да ќе објави јавен повик и на тој начин општините ќе може да аплицираат со проекти и тие проекти потоа да бидат финансирани преку најпрвин овие 6 милијарди денари што се дел од ребалансот, а потоа и со нови 15 милијарди денари што ќе бидат предвидени во новиот буџет.“ велат од владата
Според информациите владата веќе ја има дефининирано методологијата како ќе се распределуваат средствата, потенцирајќи парите се обезбедени со ребалансот на буџетот и ресорното министерство ќе отвори јавен повик за општините да можат да учествуваат со предлог проекти на истиот. Од владата уште еднаш ги повикаа сите градоначалници да си ја дозавршат својата домашна задача, да ги дозавршат своите проекти, доколку се недовршени, за да можат да учествуваат на јавниот повик.
„Ставаме 250 милиоми евра на располагање на локалните самоуправи, кои понатаму треба да ги ефектуираат во проекти кои што ќе бидат од капитално и инфраструктурно значење за да го поттикнат и подобрат животот на граѓаните во нивните населени места.“ велат од владата
Оваа финансиска инјекција општините ќе ја добијат и следната година со новиот буџет на државата. Интересно е тоа што владеачката партија уверува дека немало таен внатрепартиски договор со нивните градоначалници за подготовна на проекти уште во време кога ВМРО -ДПМНЕ беше во опозиција. Тоа што праедизвикува сомнеж е периодот кој следи, односно следната година кога добар дел од проектите ќе финишираат започнува изборната кампаѓа за градоначалници во земјава.