14 февруари, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСкопско слави 100 години со уникатен дизајн на кој се појавуваат имињата...

Скопско слави 100 години со уникатен дизајн на кој се појавуваат имињата на градовите во земјава

Скопско станува и Битолско, Штипско, Охридско, Струмичко, Гевгелиско… заедно да наздравиме за следните 100 години.

Скопско слави 100 години постоење. Го слави животот и приказните на луѓето, слави 100 години на заеднички моменти, полни со љубов и насмевки и со сите драгоцени моменти поминати на забавите, веселбите, славите, крштевките и свадбите на кои беше присутно заедно со оние поради кои што постои – љубителите на доброто пиво.

Како бренд кој постои веќе 100 години, Скопско стана синоним на вистинските вредности на луѓето на овие простори. Тоа е неизоставен дел од културата, традицијата и од секоја приказна на луѓето од оваа земја.

Скопско е омилениот вкус со кој луѓето тука се фалат пред гостите од странство, на кое му се радуваат со секоја голтка и кое го празнуваат од срце. Бидејќи Скопје не е само пиво, туку тоа е и секј агол на Македонија. Скопско е и Битола, Охрид, Велес, Виница, Кичево, тоа е дел од сите убави градови и сите незаборавни моменти.

Скопско е на сите нас, и токму затоа овој бренд со душа со цел за да им се заблагодари на своите потрошувачи воведе лимитирана количина на шишиња и лименки на која сега се појавуваат имињата на секој од градовите во државата.

Скопско им припаѓа на сите. И токму затоа, сака да им се заблагодари на сите потрошувачи од сите страни на земјата, преку воведување на лимитирана количина на шишиња и лименки на кои сега се испишани имиња на секој од градовите во државата.

Веќе од денеска, љубителите на добро пиво можат да седнат покрај Охридското Езеро и да пијат Охридско или пак да се качат на Пелистер додека се разладуваат со Битолско. Каде и да се наоѓа, во било кој крај од светот, Скопско е препознатливо по уникатниот и автентичен вкус кој веќе 100 години претставува синоним за квалитет, среќа и задоволство.

На здравје, за наредните 100 години!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП