2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАA.I. Watch, паметен часовник со карактеристики на смартфон (видео)

A.I. Watch, паметен часовник со карактеристики на смартфон (видео)

a.i.watch

Се повеќе компании почнуваат да произведуваат паметни часовници и да бараат различни начини за тие да се разликуваат од другите предлози. Заедничкото помеѓу уредите кои се продаваат во моментов е дека тие зависат од нивната врска со смартфонот, за да работат целосно.

Компанијата „Swissco“ има поинаква визија за идеален паметен рачен часовник. Нејзиниот уред се нарекува „A.I. Watch“ и во целост е конкурент на паметните телефони.

„A.I. Watch“ користи „Android 4.0.4 Ice Cream Sandwich“ и има вграден „GPS“, „Wi –Fi“ и камера. Интерфејсот ќе може да се прилагоди со различни теми кои корисниците можат да ги креираат или да ги симнат од интернет. Овој уред има слот за „Micro SIM“ картички и 3G модул. Благодарение на нив часовникот може да се користи и за телефонски разговори.

И бидејќи користи „Android“, часовникот може да работи со сите апликации за него од „Google Play“. Иако неговите творци ова го истакнуваат како едно од главните негови предности, не треба да го пропуштиме и фактот дека екранот на часовникот е доста помал од оној на кој и да е било смартфон. „A.I. Watch“ ќе располага со 1.54 инчен дисплеј со резолуција од 240х240.

Останатите хардверски спецификации на уредот се малку подобри. Тој има 1.2GHz dual-core процесор, 512МВ RAM меморија, 4GB вградена меморија, микрофон, звучници, 5МР камера, „micro USB“, „Bluetooth“ и слично.

Куќиштето на „A.I. Watch“ е изработено од алуминиум и е водоотпорно . Плановите на компанијата се тој да излезе во продажба уште до крајот на годината, а неговата цена ќе биде 349 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП