30 април, 2024
ПочетнаФОРЕКСDow Jones падна за 0,01 одсто

Dow Jones падна за 0,01 одсто

Dow-Jones

Берзанските индекси беа измешани затоа што инвеститорите го чекаат состанокот на FED. Dow Jones падна за 0,01 посто…

Берзанските индекси на Wall Streetбеа измешани затоа што инвеститорите го чекаат состанокот на FED. Се предвидува дека централната банкаќе го остави програмот за купување наобврзниците на исто ниво.

Dow Jones падна 0,01 посто, S&P 500 се качи за 0,13%, додекаNasdaq индексот ослабна за 0,08%.
Утре следи објавата на Федералните резерви околу нивната одлука во врска со монетарната политика и каматните стапки при што повеќето инвеститори очекуваат дека американската централна банка ќе го задржи својот програм за купување на обврзници непроменет, во висина од 85 милијарди долари на месец.
Со месечниот програм сака да се се поттикне економското опоравување, така што ќе се намалат каматните стапки со што ќе се обезбеди зголемување на цените на акциите.
Вчера објавените званични податоци покажуваат дека продажба на куќи во САД за месец септември паднала на минус 5,6%  од 1,6% од предходниот месец, додека аналитичарите очекуваа раст на 0,1 посто.
Индустриското производство на САД  во септември порасна за 0,6 посто по растот од 0,4 посто во август, додека економистите очекуваа дека ке остане непроменет.
Цените на акциите на азиските берзи исто беа измешани заради фокусот на  пазарите кон претстојниот  состанок за Федерални резерви.
Јапонскиот индекс Nikkei 225 падна за 0,5 посто, хонгконшкиот индекс Hang Seng порасна за 0,3 посто, додека австралискиот ASX/200 се спушти за 0,48 посто.
Европските акции зајакнаа додека инвеститорите го чекаат исходот од состанокот на FED.EURO STOXX 50 рипна за0,27%, францускиот CAC 40 je беше поглоем за 0,37%, британскиот  FTSE 100 зајакна за 0,44%, додека германскотDAX 30 порасна за 0,14%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП