Украина изврши еден од најголемите напади со беспилотни летала врз Москва, а руските единици за противвоздушна одбрана уништија најмалку десет такви беспилотни летала, изјави градоначалникот на Подолск, град кој се наоѓа на 38 километри јужно од главниот град на Русија.
„Системите за противвоздушна одбрана продолжуваат да ги одбиваат нападите на непријателските авиони. Некои од нив беа уништени над Подолск. Ова е еден од најголемите обиди да се нападне Москва со беспилотни летала. Сè уште ја следиме ситуацијата“, напиша градоначалникот Сергеј Собјанин на Телеграм.
Според првите информации нема повредени и евидентирана штета, додаде Собјанин.
Во изминатите неколку месеци, Украина постојано испраќа по еден или две беспилотни летала кон Москва, секој пат без значителна штета.
Сепак, се чини дека овој последен напад е поголем од оној во мај минатата година, кога над главниот град беа уништени најмалку осум дронови, што го поттикна рускиот претседател Владимир Путин да рече дека Киев се обидува да ја испровоцира и исплаши Русија.
Ukraine 🇺🇦 has launched a massive kamikaze drone attack tonight on multiple locations in Russia, including Moscow, Rostov, Bryansk, and Belgorod pic.twitter.com/KxYh0NBliL
— Ukraine Battle Map (@ukraine_map) August 21, 2024
Руските власти ретко даваат целосни детали за нападите, главно известувајќи само за уништени беспилотни летала од нивните единици за воздушна одбрана, пренесува Ројтерс.
Исто така, и Русија и Украина ретко го откриваат целосниот обем на штетата што е резултат на меѓусебните напади, освен во случаите кога е оштетена станбена или цивилна инфраструктура или кога е убиен цивил.
Споменатиот напад врз Москва е дел од поголем напад со беспилотни летала од Украина, забележаа руските официјални лица, бидејќи системот за противвоздушна одбрана запре 18 беспилотни летала над регионот Брјанск во југозападна Русија и уште неколку над други региони. Сепак, ниту таму не е забележана штета.
Киев во последните месеци ги засили воздушните напади на руска територија, но нагласуваат дека тоа го прават за да не ја уништат клучната инфраструктура неопходна за воената операција. Тие наведуваат и дека нивните напади се одговор на континуираните руски напади на украинска територија.