8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиерата на новиот Qashqai е закажана за 7-ми ноември

Премиерата на новиот Qashqai е закажана за 7-ми ноември

nisanaasa

„Nissan“ го откри датумот за премиерата на втората генерација на моделот „Qashqai“. Во оваа компанија тврдат дека станува збор за автомобил кој ќе го редефинира сегментот „crossover“ и ќе постави нови стандарди во овој вид на возила.

Иако секој производител на автомобили има големи надежи во своите нови модели и има големи пофалби на нивна сметка, ваквите претпоставки на „Nissan“ на сметка на новиот „Qashqai“ не се без основа. За шест години колку што овој автомобил е присутен на пазарот, се покажа дека станува збор за успешен модел кој ширум светот е продаден во повеќе од 2 милиони примероци.

„Qashaqai“ е особено добро прифатен во Европа каде во 2012-та година со испорачани 208.000 примероци и беше единствениот автомобил на неевропски производител кој се најде на листата на 10 најпродавани модели. Заедно со помалиот „crossover“ – „Juke“, значајно допринесоа за глобалното зголемување на продажбата на возилата на „Nissan“.

Фотографијата со покриениот „Qashqai“ која ја објави јапонскиот производител со цел да ја најави премиерата, не открива многу, освен некои карактеристични стилски детали, како што е централниот сегмент на маската на ладилникот, „LED“ фаровите во облик на бумеранг и нагласените лакови околу тркалата.

Според претходните најави, новиот „Qashqai“ е дизајниран по угледот на концептот „Hi-Cross“, кој беше прикажан на женевскиот авто-саем во 2012-та година, а се очекува да наликува и на најновата генерација на моделот „X-Trail“, кој беше претставен во Женева оваа година.

Сепак повеќе работи ќе бидат познати на 7-ми ноември кога „Nissan“ ќе го открие дефинитивниот изглед на новиот „Qashqai“, како и неговите технички детали. Почетокот на продажбата е планиран за 2014-та година, кога ќе биде позната и цената на овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП