30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВо Google Play се појавија спецификациите на новиот Nexus 10

Во Google Play се појавија спецификациите на новиот Nexus 10

nexus 10

Во „Google“ веќе ја развиваат новата верзија на својот популарен таблет „Nexus 10“, кој наскоро ќе биде претставен заедно со смартфонот „Nexus 5“. Сега на интернет се појавија податоци откривајќи какви подобрувања можеме да очекуваме во наредниот уред на компанијата.

Информациите се појавија накратко во „Google Play“, но набргу потоа беа отстранети од интернет страната.

Екранот на новиот „Nexus 10“ ќе има дијагонала од 10,05 инчи, а резолуцијата која го поддржува е од 2560х1600 пиксели. На тој начин таблетот ќе гарантира густина од 300ppi, а панелот е дополнет и од заштитното стакло „Gorilla Glass 3“. Уредот ќе работи со процесорот „quad-core Snapdragon 800“ на „Qualcomm“ и новата платформа на „Android“- „4.4 KitKat“.

Таблетот ќе располага со „Wi-Fi“ и „Bluetooth“, „GPS“, „NFC“ чип, како и акцелерометар, барометар и електронски компас. На куќиштето може да се најде уште и „micro USB“ порт и стандарден 3.5 милиметарски аудио приклучок.

Интересно е дека новата верзија на таблетот ќе предложи и 3GB RAM, како и моќна батерија со капацитет од 9500mAh. Новиот модел исто така ќе е полесен, потенок и покомпактен од својот претходник, а неговите димензии се 258,9 х172, 6х7, 9 милиметри со тежина од 584 грама.

Главната камера има резолуција од 8 мегапиксели, а во предниот дел има и дополнителна од 2.1МР со сензор за видео повици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП