15 септември, 2024
ПочетнаСВЕТ ОПШТОУкраинските вооружени сили контролираат 28 населени места во областа Курск

Украинските вооружени сили контролираат 28 населени места во областа Курск

Вршителот на должноста гувернер на областа Курск, Алексеј Смирнов денеска изјави дека ситуацијата во регионот се уште е тешка и дека украинските вооружени сили контролираат 28 населени места.

На оперативниот состанок со рускиот претседател Владимир Путин, Смирнов изјавил дека непријателот навлегол 12 километри длабоко во територијата на Курската област, во ширина од 40 километри, пренесува агенцијата Интерфакс.

Тој додаде дека околу 2.000 луѓе живеат во 28 населени места под контрола на украинската армија, чија судбина не е позната.

Смирнов рече и дека бројот на ракетни напади е значително зголемен, а една ракета погодила станбена зграда при што биле повредени повеќе од десет лица.

Според него, досега се евакуирани 121.000 луѓе. Тој додаде дека регионалните власти „воспоставиле соработка со сите безбедносни сили“.

Во исто време, Смирнов посочи дека отсуството на јасна линија на фронтот во регионот Курск го отежнува одредувањето на локацијата на украинските војници, што е значаен проблем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП