Стопанска банка АД Скопје со задоволство го објавува повторното именување на г-дин Диомидис Николетопулос за Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор, по четврти последователен мандат. Повторното именување, одобрено од гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија, ја нагласува довербата на Управниот одбор во раководството на г-дин Николетопулос и неговото докажано искуство за постигнување силни резултати.
Од неговото првично назначување за извршен директор во 2013 година, г-дин Николетопулос успешно ја водеше Стопанска банка низ период на значителен раст и трансформација, зајакнувајќи ја позицијата на Банката како водечка финансиска институција во земјата. Под негово водство, Банката постојано испорачува извонредни перформанси и ги постигна своите клучни стратешки цели.

