25 април, 2025
ПочетнаСВЕТАвстрија обелодени детали за планираниот терористички напад: 19-годишникот е роден во Австрија, а...

Австрија обелодени детали за планираниот терористички напад: 19-годишникот е роден во Австрија, а неговите родители се од Македонија

Роден е во Австрија, а неговите родители се од Македонија. Кој е 19-годишникот кој е главниот осомничен за планирање на нападот за време на концерт на американската ѕвезда Тејлор Свифт во Виена?

Засега не е објавен неговиот идентитет, а од она што е познато тој се радикализирал преку интернет и се заколнал на верност на Исламската држава. Негови пријатели требало да работат на стадионот „Ернст Хапел“ како чувари, пишува денеска австрискиот весник „Куриер“. На тој начин тие би имале пристап до разни локации за местото на одржувањето на концертот.

Весникот дознава дека 19-годишникот планирал да го забие својот автомобил во десетиците илјади фанови што стоеле пред стадионот, а потоа да нападнат со мачети и ножеви и на крајот да активираат бомба направена од украдени хемикалии.

Се верува и дека тинејџерот тесно соработувал со 17-годишниот Австриец, кој беше уаспен, а се истражува и нивното опкружување.

Потврдено е дека информациите за нападот стигнале од странските тајни служби, а како што пренесоа некои американски медиуми, американските тајни служби ги информирале своите австриски колеги за опасноста.

Двајцата се уапсени вчера во Терниц и Виена. Директорот за јавна безбедност, Франц Руф, во емисијата „Утрински журнал“ на првиот канал на австрискиот национален сервис ОРФ утрово истакна дека по двете апсења, соодветно е минимизирана опасноста од конкретната закана, но дека сепак постои апстрактна закана.

Во полициската акција вчера биле запленети хемиски супстанции од домот на првоосомничениот, а превентивно биле расчистени и куќите во близина поради страв од присуство на поголеми количини експлозиви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП