Институтот за економски анализи Finance Think направи истражување за тоа колку од ветувањата на минатата влада се реализирани. Четиригодишното следење на работењето на предходните власти од страна на овој институт е именувано под проектот „Економски компас“. Ова е резимето на Finance Think за на исполнувањето на ветувањата на Владата за периодот 2020-2024, во економско-социјалниот домен.
Наодите на Finance Think покажуваат дека 51 отсто од економските и социјалните ветувањата на минатиот владин состав не се исполнети.
Економијата не постигна одржлив, забрзан и инклузивен економски раст од 4% до 2024, иако тоа беше едно од клучните ветувања на минатата власт. Потоа, инвестициите за развој на патната инфраструктура, модернизација и безбедност останаа далеку под ветените 2 милијарди евра. Стапката на невработеност не се симна на едноцифрено ниво, и покрај ветувањето, а индикаторите за вработеноста и активноста на младите и жените забележаа пад или стагнација, наспроти ветените зголемувања. Прагот за ДДВ регистрација не беше подигнат на 3 милиони
денари, и покрај ветувањето. Нема поконкурентна економија, не се отворија поголем број на фирми. Не се исполни ниту ветувањето за намалување на персоналниот данок на доход во ИТ индустријата до нула проценти до 2023 година.
Во анализата на Finance Think стои и дека исполнети се следниве ветувања: Во периодот од 2020та до 2024та година странските директни инвестиции достигнаа вредност од една милијарда евра. За тие четири години постигнато е зголемување на обемот на јавни капитални инвестиции од над две милијарди евра. Поттикнување на приватни домашни директни инвестиции во вредност од 1,2 милијарди евра. Намалување на сивата економија, зголемување на извозот на компаниите. Данокот на добивка останува стабилен, минималната плата ќе се зголеми од 20 до 40 отсто, просечната плата ќе порасне за 30 отсто. Зголемување на минималната пензија до 10 700 денари.
И.П