5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕдна третина од купените Galaxy Gear вратени во продавниците

Една третина од купените Galaxy Gear вратени во продавниците

galaxy gearra

Повеќе од 30 проценти од луѓето кои го купија паметниот часовник „Samsung Gear“ го вратиле купениот уред во продавниците „Best Buy“ во Америка.

Според документите кои протекоа од големиот малопродажен ланец, во нив се покажува дека на купувачите не им се допаднал паметниот часовник на „Samsung“, па поради тоа не би сакале да го задржат.

Иако во продавниците на „Best Buy“ се продадоа голем број примероци од уредот „Galaxy Gear“, заедно со смартфон „Note III“ (единствениот уред со кој часовникот може да работи), голем број на корисници почнаа да ги враќаат купените уреди.

Ова укажува на фактот дека голем број од клиентите биле заинтригирани за новиот уред, но по неговото користење виделе дека уредот нема многу да им понуди или едноставно не е тоа што тие го очекувале.

Без оглед на причината, ова се загрижувачки информации за „Samsung“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП