7 ноември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на половните автомобили повторно паѓаат – дали сега е вистинско време...

Цените на половните автомобили повторно паѓаат – дали сега е вистинско време да го замените возилото?

Во последните месеци, пазарот на половни возила доживува значителни промени.

Со стабилизацијата на производството на нови автомобили и намалувањето на доцнењата кои беа присутни во претходните години, се забележува тренд на пад на цените на половните возила.

Секако, зборуваме на светско ниво.

Оваа тенденција е особено изразена на пазарите каде што побарувачката претходно беше надуена поради недостигот на нови модели.

Според експертите, оваа ситуација претставува идеална можност за потенцијалните купувачи.

„Сега е совршен момент за купување половен автомобил. Цените сега се многу пониски, а изборот е голем. Купувачите можат да пронајдат квалитетни возила по поволни цени, со што се зголемува вредноста за нивните пари“, коментираат аналитичарите.

Тие додаваат дека квалитетот на половните возила исто така се подобрува.

„Производителите на автомобили вложуваат многу во трајноста, што значи дека дури и половните модели можат да послужат долго време”, велат аналитичарите.

Оваа позитивна слика на пазарот на половни возила е поддржана и од статистичките податоци кои покажуваат дека просечната возраст на половните автомобили кои се продаваат е во опаѓање, што укажува на тоа дека луѓето сѐ повеќе се одлучуваат за понови и подобро одржувани возила.

Сепак, експертите предупредуваат дека купувачите треба да бидат внимателни и да направат темелна проверка на возилото пред купување.

„Важно е да се изврши темелна проверка на возилото, да се провери неговата историја и да се направи тест возење. Иако цените се ниски, секогаш постои ризик од скриени дефекти“, советувааат познавачите.

Актуелните трендови на пазарот на половни возила сугерираат дека токму сега е вистинското време за купување половен автомобил.

Со внимателен избор и соодветна проверка, купувачите можат да се искористат од пониските цени и да инвестираат во возило кое ќе им служи верно во годините што следуваат.

Денар направи мала анализа на пазарот со половни автомобили и затоа во продолжение ќе ви приложиме статистика за неколку автомобили кои се понови од 2018 година, а кои делуваат сочувано и кои во моментов се продаваат во Македонија.

Цитроен Ц3 1.6 дизел (2018) – 9.600 евра
Пежо 3008 1.6 дизел (2018) – 16.600 евра
Цитроен Ц4 Кактус дизел (2019) – 12.500 евра
Нисан Кашкаи дизел (2019) – 17.600 евра
Опел Кросленд 1.5 дизел (2020) – 14.600 евра
Ауди Ку2 1.6 дизел (2020) – 18.400 евра
Пежо 208 1.6 дизел (2019) – 7.490 евра
Рено Твинго 1.0 бензин (2019) – 7.600 евра

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП