19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНиту еден амандман засега не доби зелено светло од пратениците!

Ниту еден амандман засега не доби зелено светло од пратениците!

Опозицијата предлага власта одбива. Вака поминува амандманската расправа за Предлог ребалансот на буџетот. Од поднесените 58 амандмани, досега нити еден од нив не доби зелено светло во парламентот. Пратениците на опозицискиот блок предложија проекти од областа на инфраструктурата, образованието, земјоделството, здравствената заштита за граѓаните, но претставниците на мнозинството во собранието смета дека за нив нема пари во државниот буџет. И ако толку биле битни требало да бидат веќе во првичниот буџет за годинава.

Најголемиот дел од пратениците кои предложуваат амандмани во собранието се проекти поврзани со општината од каде доаѓаат. Реконструкција на регионален пат, водоводна или канализациска инфраструктура, велосипедска или пешачка патека, спортско игралиште, реновирање на училиште или здравствен дом, ова се најчестите предлози во амандманската расправа кои беа предложени од страна на опозицијата, а одбиени од пратениците на владеачките партии. Од СДСМ и ДУИ велат дека граѓаните имаат можност да видат дека ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери без никакво образложените ги одбиваат предлозите кои би го подобриле квалитетот на животот на граѓаните. Опозиционерите велат дека освен за граѓаните тие поднеле и амандмани за компаниите, но и тие се одбиени а имале за цел подобрување на условите за работа на бизнисот.

„ВМРО-ДПМНЕ директно го загрозува подмирувањето на договорните обврски за финансиска поддршка на 654 компании, кои во 2023 година инвестирале, се развивале, вработувале и успешно работеле. Дополнително се загрозени и околу 100 компании со нови договори, кои се очекува да бидат одобрени до 31 јули. На овој начин овие компании, од кои 98% се домашни, се изложуваат на сериозен ризик да не ги реализираат своите инвестиции, што е катастрофално за економијата. Отфрлањето на амандманот на пратеничката група на СДСМ не само што е неправедно кон бизнисот, туку и нанесува огромна штета на економијата. Владејачкото мнозинство денес им го ускрати законски стекнатото право на финансиска поддршка на домашните компании, не водејќи грижа за создавање на услови за непречен раст и развој на домашните компании, да отвораат нови и добро платени работни места за граѓаните“, велат од СДСМ.

Од владеачката група во парламентот велат дека овие проекти кои сега ги предложува опозицијата можеле да ги буџетираат на крајот на ланската година кога се подготвувал буџетот на 2024 година. Но, според власта, опозицијата сега се обидува да добие некаков политички поен и да се додворува на граѓаните иако ваквите обиди за популизам им се прочитани а доказ за тоа се резултатите од последните двојни избори. Ставот на ВМРО ДПМНЕ е дека повеќе нама да има трошење без план како што тоа се случувало во последниве седум години.

„Со овој Ребаланс ќе започнат и клучни реформи во секторот здравство. Обезбедени се финансии за почетокот на реализацијата на проектот за вработување на приватните специјализанти. До крајот на оваа година, македонските болници ќе бидат посилни за 300 млади доктори специјалисти. 300 специјалисти оваа, а 300 догодина ќе бидат соодветно ангажирани во здравствениот систем и на тој начин ќе се зголеми квалитетот на самата здравствена услуга. Докторите нема повеќе да ја напуштаат државата бидејќи таа ќе се грижи за нив.

Во Ребалансот исто така има обезбедено средства и за проширување на позитивната листа на лекови. Прв пат по 15 години, позитивната листа ќе биде проширена и македонските граѓани ќе плаќаат поевтини лекови. Во периодот што претстои ќе се заложиме во најбрз можен рок да заврши изградбата и да се пуштат во употреба болниците во Штип и во Кичево кои се од исклучително значење за голем број граѓани од овие региони. Дури и со ваква опустошена државна каса, доколку има волја, знаење и капацитет може. да почнат промените на подобро.“ велат од ВМРО ДПМНЕ.

Денеска е закажан петти ден од амандманската расправа. Според планот ребалансот треба да заврши во сабота или пак понеделник ако викендов пратениците решат да одморат. Со предлог ребалансот треба да се обезбедат 300 милиони евра од нереализирани капитални инвестиции, и од останатите непродиктивни а предвидени за годинава расходи. Ребалансот предвидува намален раст на БДП на 2,1 отсто и продлабочена дупка во буџетот од 700 милиони евра.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП