15 септември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако да го претворите вашиот дом во дом на пицата со Gorenje

Како да го претворите вашиот дом во дом на пицата со Gorenje

Пицата веројатно е една од ретките универзално омилени намирници. Обожавана меѓу децата и возрасните, ова италијанско јадење е популарен избор во рестораните или за доставување до дома.

Сепак, иако јадењето по рестораните или доставувањето по нарачка може да биде забавно, тоа исто така има своја цена. Со оглед на тоа што пицата е, исто така, јадење што се прави за забава, подготвивме неколку совети и трикови како да заштедите пари и да го претворите вашиот дом во дом на пицата за секоја пригода.

Заштедете време со претходно планирање

Ако организирате пица-забава, погрижете се да располагате со доволно главни состојки и додатоци. Со оглед на тоа што на тестото за пица му треба малку време за да одмори, одлично е ако го подготвите однапред. Додека некому може да бидат доволни 1-2 часа, италијанските рецепти обично препорачуваат 8-12 часа, а некои дури и да се остави тестото да отстои преку ноќ. Одлична работа во врска со пицата е тоа што мнозина од нас сакаат да ја јадат со раце, па би можеле да заштедите време на чистењето садови, поставувајќи салфетки што може да се користат за сервирање на парчињата.

Изберете ја вистинската рерна

За да ја добиете вистински најдобрата пица во вашиот дом, ќе ви треба рерна што може да ѝ парира (или дури и да ја надмине) рерната во рестораните. Во Gorenje развивме специјална рерна наречена PizzaPlus, која може да се пофали со врвна иновација, загревајќи го горниот дел од рерната на неверојатни 350°C. Ова обезбедува не само брзо печење туку и создавање на совршена кора и топење на сирењето, што ќе ви предизвика дразби во устата нетрпеливо да загризетеведнаш штом ќе го видите јадењето.

Поедноставете го процесот

Ако организирате забава со пица, ќе сакате да избегнете појава на дополнителна работа, па затоа изберете апарати што овозможуваат максимално намалување на работата за да можете да уживате повеќе во времето со луѓето што ги сакате. PizzaPlus рерната на Gorenje го поедноставува процесот на правење пица на многу корисни начини. Прво, располага со подлога за пица со која можете лесно да ја ставите пицата во рерната и да ја извадите од неа. Второ, има тајмер, за да знаете дека вашата пица е подготвена, а можете да ја користите апликацијата за поврзување во живо ConnectLife за го следите печењето во рерната. И, конечно, исклучително практичната функција за пиролитичко чистење (PyroClean) гарантира дека вашата рерна сама ќе се исчисти без напорно да работите.

Забавувајте се со персонализирани преливи

За да ја направиме вашата пица-забава забавна за секого, топло препорачуваме да подготвите различни намази и преливи за да може секој да си ја полее својата пица онака како што сака. Еве неколку предлози: 

• Популарни преливи со кои не можете да згрешите: феферонки, колбасици, шунка, сланина, печурки, свежи или сушени домати, зелени пиперки, моцарела, чедар, пармезан или сино сирење, маслинки;

• Одлични варијанти за вегани: тофу, веганско месо, грав;

• За специјален вкус: ананас, смокви, халапењос.

Намалете го времето за печење

Ако организирате пица-забава со многу различни видови пици, не би го оставиле вашиот гостин да чека и да се чувствува гладен. Затоа, погрижете се штом првата пица ќе биде готова, веднаш да ја ставите во рерната. PizzaPlusрерната на Gorenje ќе испече совршена пица за само 3 минути и 30 секунди! Ова ви овозможува да заштедите време, да ги испечете сите пици побрзо и ви овозможува да го каснете првиот залак од најдобрата пица побрзо отколку што би ви било потребно да појдете во ресторан или да нарачате доставување на пица! Совршена опција за секаква пригода.

Инвестирајте во моментите поминати заедно

На крајот на денот, правењето пица дома треба да биде забавно и евтино. Благодарение на Gorenje PizzaPlus, ова сега е возможно, бидејќи оваа рерна ви заштедува пари што би ги потрошиле за пица, пијалаци и превоз до ресторанот. Во исто време, оваа рерна го поедноставува процесот, така што гарантира дека како домаќин ќе можете да уживате во времето поминато со вашите најблиски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП