2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако ќе изгледа BMW Seriеѕ 2 Cabriolet?

Како ќе изгледа BMW Seriеѕ 2 Cabriolet?

serija 2 kabrio

„BMW Seriеѕ 2 Coupe“ беше претставен во петокот, а додека ја чекаме премиерата на „Cabriolet“ верзијата, погледнете како би можел да изгледа овој модел со отворен покрив.

Со оглед дека сличноста меѓу „Coupe“ и „Cabriolet“ моделите на „BMW“ од „парните“ серии, не е тешко да се предвиди дизајнот „Seriеѕ 2“ со подвижен мек покрив.

Како и секогаш, Теопулис Чин прв ја објави неофицијалната компјутерска илустрација на идниот кабриолет.

serija 2 kabrio1

Моторите исто така ќе бидат превземени од „Coupe“, па така во и овој нов модел на „BMW“ ќе биде достапен во три верзии, почнувајќи од 220i кој ќе има 2.0 литарски турбо мотор со 184 коњски сили, и забрзување од 0 до 100 за 7 секунди. Потрошувачката кај овој модел ќе биде 6,3 литри на 100 километри со стандардниот мануелен 6-степен менувач.

Следен е моделот 220d кој доаѓа со 2.0 турбо-дизелски агрегат кој исто така испорачува 184 коњски сили, забрзува до „стотка“ за 7,2 секунди и троши 4,5 литри на 100 километри.

Најмоќниот модел ќе ја носи ознаката M235i и ќе испорачува 326 коњски сили од својот 3.0-литарски 6-цилиндарски мотор, кој со стандардниот мануелен менувач до 100 километри на час ќе стигнува за 5 секунди, а со автоматскиот 8-степен пренос забрзувањето до „стотка“ ќе биде за 4,8 секунди. Неговата потрошувачка ќе биде 8,1 литар на 100 километри.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП