4 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 1ви август пониски сметки за парно

Од 1ви август пониски сметки за парно

Од 1 август сметките за парно за домаќинствата ќе бидат пониски 3,16 %, а речиси 1.200 фирми, училиштата и институции, кои се приклучени на централното градско греење, ќе имаат пониска цена за 17 %, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

„Одлуката е позитивна за потрошувачите, но состојбата на терен е загрижувачка. Цевката на мостот ‘Беласица’ не е во функција – тоа е фактичката состојба што ја имам како информација во моментот. Една година помина за оваа операција да биде завршена. Алармираме до почетокот на грејната сезона како се знае и умее јавниот интерес да биде почитуван и цевката да биде функционална. Каква зима ќе имаме – никој не знае – дали ќе биде блага или со минусни температури. Алтернативниот цевковод е со помал капацитет. Во однос на донесената одлука, сакам да информирам дека овие цени се без субвенции и доколку тие продолжат, намалувањето би било 17 %. Но, РКЕ цени дека во моментот влегуваме во стабилизација кога се во прашање цените на енергенти, генерално, природниот гас се враќа во очекувана нормала, субвенциите несомнено помогнаа да се амортизираат ефектите од енергетската криза, претходно и од пандемијата. Ова е одличен период за енергетските компании финансиски да се стабилизираат и консолидираат и да почнат со реализација на инвестициски проекти, како и зафати за рехабилитација на инфраструктурата“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП