3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКонкурентот на Galaxy Round се вика G Flex!

Конкурентот на Galaxy Round се вика G Flex!

lg flexx

Компанијата „LG“ го претстави „G Flex“, својот прв заоблен паметен телефон.

Станува збор за телефон со 6-инчен екран со 720p резолуција кој работи на процесорот „Qualcomm Snapdragon 800“ со 4-јадра на 2,26GHz. Уредот има 2GB RAM меморија и камера со резолуција од 13 мегапиксели, а батеријата има 3.500mAh. Инаку овој смартфон го користи оперативниот систем „Android 4.2.2“.

За разлика од моделот „Galaxy Round“ кој неодамна беше претставен од „Samsung“, „G Flex“ не е заоблен од лева на десна страна, туку од врвот кон дното.

Тоа што е навистина интересно е специјалниот заштитен филм кој се наоѓа на задната страна на уредот кој има можност да се „обновува“ во случај на гребнатинки.

Засега се знае дека наредниот месец „G Flex“ ќе биде пуштен во продажба во Јужна Кореа, а се уште не е познато кога ќе пристигне на другите пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП