21 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајбезбедната услуга за е-пошта добива помошник за вештачка интелигенција

Најбезбедната услуга за е-пошта добива помошник за вештачка интелигенција

„ProtonMail“ е многу популарна, шифрирана услуга за е-пошта и се позиционираше како една од најдобрите опции за испраќање безбедни пораки преку Интернет.

Иако речиси сите услуги за е-пошта денес тврдат дека нивните производи ја почитуваат приватноста на корисниците, „ProtonMail“ го прави тоа значително подобро од конкурентите како што се „Gmail“ или „Outlook“.

Сега „ProtonMail“ додава нова алатка за пишување „Proton Scribe“ на својата услуга за е-пошта, која е достапна за сите корисници како додаток.

„Proton Scribе“ им помага на корисниците да ја подобрат својата продуктивност со креирање е-пошта врз основа на прашања, додека вештачката интелигенција се грижи пораката да изгледа подобро, како и да биде граматички точна.

„ProtonMail“ вели дека не се користат никакви податоци или информации за обука на „Proton Scribe“, ниту пак податоци се споделуваат со трети страни.

„Proton“ истакнува дека алатката „Proton Scribe“ доаѓа на веб и десктоп верзијата на услугата „Proton Scribe“. Чини 2,99 долари месечно и е бесплатен за корисниците на „Proton Visionary“ и „Lifetime“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП