Научниците предупредуваат на опасноста од западната исхрана за човечкото тело.
Како што се испостави, од шесте популарни типови на исхрана, западниот стил е тој што може да доведе до рак на дебелото црево, пишува Nature.com.

Научниците предупредуваат на опасноста од западната исхрана за човечкото тело.
Како што се испостави, од шесте популарни типови на исхрана, западниот стил е тој што може да доведе до рак на дебелото црево, пишува Nature.com.
Експертите проучувале шест популарни типови на исхрана и нивното влијание врз цревниот микробиом: медитеранска, растителна, кето, високо-протеинска, западна исхрана и исхрана богата со влакна. Само западната исхрана има негативен ефект врз здравјето на цревниот микробиом. Се базира на брза храна, пржено месо, сокови, слатки и млечни производи.
„Многу масти и шеќери и недостатокот на влакна не дозволуваат цревата да произведуваат масни киселини со краток синџир во количини потребни за енергетскиот метаболизам и правилното функционирање на имунолошкиот систем“, пишуваат научниците во својот заклучок.
Се покажа дека западната исхрана предизвикува неколку болести: колоректален карцином, улцеративен колитис и Кронова болест.
Кога станува збор за најкорисната исхрана, научниците заклучиле дека тоа е медитеранската исхрана. Поволно делува на организмот при кардиоваскуларни патологии, воспаленија на цревата и дијабетес тип 2,
Медитеранската исхрана подразбира урамнотежена исхрана со многу зеленчук, агруми, цели зрна, мешунки, морски плодови и малку црвено месо. Веќе неколку години по ред е прогласена за најдобра во светот, а богата е со омега-3 масни киселини, влакна, витамини од групата Б и разни антиоксиданси.