УНИБанка заклучно со првото полугодие од 2024 година оствари добивка на износ од 156,666 илјади денари, која е намалена во однос на лани истиот период кога изнесувала 234,540 илјади денари.
Остварените вкупни приходи од работење во првото полугодие од 2024 година изнесуваат 1.132 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 11.3%.
Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 156,7 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

