19 април, 2025
ПочетнаСВЕТТрамп зборуваше по говорот на Бајден: Едвај го разбрав

Трамп зборуваше по говорот на Бајден: Едвај го разбрав

Американскиот претседател Џо Бајден имаше важно обраќање до нацијата за да ги објасни своите причини за откажување од трката за втор претседателски мандат во средината на кампањата. Обраќањето не помина без коментари од неговиот поранешен ривал.

Во своето обраќање во Овалната соба, актуелниот претседател се осврна на неговите претходници Томас Џеферсон, Џорџ Вашингтон и Абрахам Линколн, притоа зборувајќи за половина век поминат во бројни јавни функции.

„Многу ја почитувам и ценам оваа канцеларија, но повеќе ја сакам мојата земја. Решив да го предадам факелот на нова генерација. Тоа е најдобриот пат напред и најдобриот начин да се обедини нашата нација“, рече тој.

Во 11-минутниот говор тој постојано ја споменуваше опасноста што им се заканува на Американците по 5 ноември, мислејќи на можноста за победа на Трамп, иако не го кажа неговото име.

Но, реакцијата на Трамп следеше многу брзо.

Говорот на гнилиот Џо Бајден од Овалната соба беше едвај разбирлив и беше многу лош, напиша Трамп на социјалните мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП