3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигнува продолжениот Range Rover (фото)

Пристигнува продолжениот Range Rover (фото)

l range

„Land Rover“ ја претстави продолжената верзија на својот луксузен „SUV“ модел „Range Rover“ кој ќе биде со ознаката „L“. Возилото ќе има премиера на авто-саемот „Dubai Motor Show“ кој се оддржува од 5-ти до 9-ти ноември.

Со должина од 5.2 метри „Range Rover L“ е подолг од стандардниот модел за 20cm. Дополнителниот простор е остварен благодарејќи на поголемото меѓуосовинско растојание, што најмногу ќе се одрази на зголемувањето на комфорот на патниците на задните седишта со оглед дека ќе добијат за 14 cm поголем простор за нозете.

l range 1

Исто така, зголемувањето на должината овозможи наслоните на задните седишта сега да можат да се поместат под поголем агол. Кај стандардниот модел овој агол можеше да се промени за 8 степени, а кај продолжената верзија изнесува дури 17 степени.

Покрај тоа, „L“ верзијата ќе има и повеќе простор за сладирање во багажникот, а стаклениот панорамски покрив ќе биде дел од опремата на автомобилот.

l range 2

На купувачите ќе им бидат достапни верзиите „Vogue“, „Vogue SE“, „Autobiography“ и „Autobiography Black“, кои претставуваат врв на понудата. Во „Land Rover“ велат дека „Аutobiography Black“ има најквалитетни материјали од кожа во кабината, а во понудата ќе биде со ексклузивни алуминиумски фелни од 21 или 22 инчи.

Податоците за погонските агрегати не се наведени, но се очекува истиот избор на мотори како и кај стандардниот модел. Станува збор за 5.0 литарски V8 бензински мотор со компресор и 510 ks, потоа 3.0 литарски V6 дизел агрегат со 258 ks, како и 4.4 литарски V8 дизел, познат по претходните генерации на моделите на „Range Rover“. Овој мотор е во состојба да развие 339 ks.

l range 3

Сите три верзии се поврзани со осумстепена автоматска трансмисија.

Покрај моделите со конвенционални мотори во најава е и верзија со хибриден погон. Почетокот на продажбата на моделот „Range Rover L“ е предвидена за март 2014-та кога ќе биде позната и неговата цена.

l range 4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП