15 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАMircomax се подготвува за европскиот пазар

Mircomax се подготвува за европскиот пазар

micromax

За многумина името „Micromax“ не е познато, сепак се очекува тоа наскоро да се промени со оглед на тоа дека овој производител на паметни телефони од Индија планира да влезе на европскиот пазар.

Индиската компанија го ангажираше Хју Џекмен да ги рекламира нивните најнови производи, а првиот уред кој ќе го забележите во неговите раце ќе биде првиот паметен телефон на „Micromax“.

Според информациите новиот уред на компанијата е моделот „Turbo“ кој е 5-инчен алуминиумски паметен телефон со екран кој има резолуција од 1.920 x 1080 пиксели и кој работи на чипот од 1.5GHz на „Mediatek“, како и „2GB RAM“ меморија.

Смартфонот има задна камера која има 13 мегапиксела, додека предната е од 5 мегапиксела, a се очекува овој телефон да го користи оперативниот систем „Android 4.2.1“.

Овој паметен телефон нема слот за „MicroSD“ картичка за да може да се прошири просторот за складирање на информации, но фактот дека ќе чини само 325 долари донекаде го ублажува ова незадоволство.

Уредот е веќе достапен во Индија, додека во Русија ќе се појави кон крајот на годината.

Нормално доколку реакциите на корисниците бидат позитивни, многу веројатно е дека во скоро време ќе имаме прилика и во Европа да видиме некои од уредите на „Micromax“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП