4 мај, 2025
ПочетнаСВЕТНеделата беше најтоплиот ден во светот откако се собираат податоци

Неделата беше најтоплиот ден во светот откако се собираат податоци

Во неделата, на 21 јули, светот ја достигна највисоката просечна температура досега забележана, пренесува Хина.

Просечната температура на површината во неделата достигна 17,09 степени, што е повисоко од претходниот рекорд, забележан во јули минатата година кога изнесуваше 17,08 степени, објави Коперник, програма за набљудување на Земјата на Европската унија.

Во текот на изминатата недела топлотни бранови ги зафатија Соединетите Американски Држави, Европа и Русија, пренесува Ројтерс.

Коперник потврди за новинската агенција дека е соборен минатогодишниот рекорд. Податоците се собираат од 1940 година.

Екстремна топлина

Минатата година Земјата имаше четири рекордни денови по ред, од 3-ти до 6-ти јули. Климатските промени, предизвикани првенствено од согорувањето на фосилните горива, доведоа до екстремни горештини на северната хемисфера, пишува Ројтерс.

Од јуни 2023 година, секој месец, 13 од нив по ред, планетата бележи рекордно топли месеци во споредба со истите периоди од претходната година, објави Коперник.

Некои научници веруваат дека 2024 година ќе ја надмине 2023 година како најтопла година откако се забележани рекорди.

Климатските промени и крајот на метеоролошкиот феномен Ел Нино во април дополнително ги зголемија температурите оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП