16 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ во проблеми, продажбата потфрли

„Apple“ во проблеми, продажбата потфрли

Според најновото истражување на „Consumer Intelligence Research Partners“ (CIRP), најновите модели на „iPhone“ не ги исполниле очекувањата на пазарот.

Продажбата на линијата „iPhone 15“ во последниот квартал покажува значителен пад во однос на претходните години.

Според извештајот, четирите модели на „iPhone 15“ заедно сочинувале 67% од вкупната продажба на „iPhone“ во последниот квартал, што е помалку од уделот од 79% што го имале моделите на „iPhone 14“ во истиот период претходната година.

Најголем пад е забележан кај основниот модел „iPhone 15“, кој оствари само 19% од продажбата, додека неговиот претходник, „iPhone 14“, имаше 24%.

Постарите модели забележаа пораст на продажбата

Единствениот модел кој задржа стабилен удел во продажбата беше „iPhone Pro Max“, кој зазеде 22% пазарен удел и во овој и во претходниот квартал.

Интересно е што постарите модели на „iPhone“, како што се „iPhone 14“ и „14 Plus“, забележаа пораст во продажбата. Во вториот квартал од 2024-та година, овие модели заедно учествуваа со 17% од продажбата, што е значителен скок во споредба со уделот од 11% на едногодишните модели на „iPhone 13“ и „13 mini“ во истиот период минатата година.

Дури и двегодишниот „iPhone 13“ покажа добра продажба, со удел од 10%, додека двегодишниот „iPhone 12“ имаше само 4% удел во истиот период од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП