13 октомври, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУСилјановски: „Ingram & Vendors Networking“ е конференција што ги поставува новите стандарди...

Силјановски: „Ingram & Vendors Networking“ е конференција што ги поставува новите стандарди во ИТ индустријата

Третата годишна конференција „Ingram & Vendors Networking #3“ дефинитивно ќе биде најзначајниот ИТ настан во регионот, обединувајќи над 100 учесници од Македонија, Албанија и Косово. На настанот, што ќе се одржи во септември во Охрид, главен фокус ќе биде ставен на најновите технологии за сајбер безбедноста, ransomware и виртуелизација. Воедно, на настанот ќе присуствуваат и студенти од Скопје, Битола и Охрид кои ќе имаат можност да учат од врвни експерти и да разменат мислења со професионалци.

Имено, Тренинг центарот на „Инграм Микро“продолжува да игра клучна улога во развојот на ИТ индустријата во регионот, нудејќи обуки и сертифициранипрограми. Компанијата продолжува да инвестира во нови технологии и знаења, обезбедувајќи најдобри можни решенија за своите клиенти и партнери. На сите овие теми Денар.мк разговараше со генералниот менаџер на „Инграм Микро“ одговорен за Македонија, Албанија и Косово, Филип Силјановски.

Она што е исклучително важно е тоа што оваа година компанијата ја одбележува 45-годишнината од своето работење. За сите изминати години бележи огромни успеси и успеава да стане глобален лидер во ИТ индустиријата кој е главен креатор на новите стандарди во оваа област. Компанијата брои над 27.000 вработени и е присутна во 45 земји со над 154 дистрибутивни центри ширум светот. 

Денар.мк: Сиљановски, годишната конференција „Ingram & Vendors Networking“ традиционално постигнува огромен успех. Што можеме да очекуваме од настанот оваа година?

Силјановски: Оваа година конференцијата ќе обедини над 100 учесници од ИТ-секторот од Македонија, Албанија и Косово, заедно со студенти од Скопје, Битола и Охрид кои студираат на Факултетот за информатички науки и компијутерско инженерство (ФИНКИ), Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ), како и на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“(УИНТ). Настанот ќе се одржи во септември во Охрид и ќе се фокусира на идните технологии, вклучувајќи сајбер безбедност, ransomware и виртуелизација. Нашата цел е да создадеме платформа за споделување на знаења, иновации и искуства меѓу експертите и идните професионалци во ИТ секторот.

INGRAM

Денар.мк: Кои се главните теми и активности на конференцијата „Ingram & Vendors Networking #3“?

Силјановски: На конференцијата ќе се дискутираат теми како сајбер безбедност, ransomware и виртуелизација. Ќе има панел-дискусии, работилници и презентации од врвни експерти во овие области. Покрај тоа, ќе имаме и сесии за мрежно поврзување, каде што учесниците ќе можат да разменуваат идеи и искуства. Важно е да се спомене дека оваа година ќе бидат поканети и студенти од факултетите ФИНКИ, ФИКТ и УИНТ од Скопје, Битола и Охрид, кои ќе имаат можност да учат од најдобрите и да се поврзат со професионалци во ИТ секторот.

INGRAM

Денар.мк: Го создадовте и Тренинг центарот кој нуди разни обуки. Колку е важен во земјава како и во соседни Албанија и Косово? Со какво знаење ќе се стекнат учесниците?

Силјановски: Тренинг центарот на „Инграм Микро“ игра клучна улога во поддршката и развојот на ИТиндустријата во Македонија, Албанија и Косово. Овој Центар нуди обуки кои ги покриваат најновите технологии и практики, со цел да им помогне на професионалците да ги развијат своите вештини и да ги унапредат своите кариери. Нашите обуки опфаќаат различни области и вклучуваат програми од светски познати вендори како што се Oracle, Veeam, Kaspersky, Veritas, Check Point, VMware и многу други. Обуките се спроведуваат според официјално авторизирани програми и се водени од искусни предавачи кои имаат долгогодишно искуство и експертиза во различни IT домени.

Учесниците на нашите обуки ќе се стекнат со знаење и вештини кои им се неопходни за успешно да се справуваат со предизвиците на модерната ИТ индустрија. Ќе научат како да работат со најновите технологии, како да ги имплементираат и управуваат со ИТ решенијата и како да ги обезбедат своите системи и податоци. Дополнително, во нашиот Центар е авторизиран Pearson Vue тест центар, што значи дека учесниците имаат можност да полагаат сертификациски испити и да добијат меѓународно признати сертификати, што е од големо значење за нивниот професионален развој и напредок.

Овој Тренинг центар го унапредува индивидуалното знаење на учесниците и значително придонесува за подобрување на целокупната ИТ индустрија и капацитетот на регионот. Со создавање на квалификувани професионалци, придонесуваме кон раст и развој на ИТ секторот во Македонија, Албанија и Косово, што е од суштинско значење за економскиот развој и конкурентноста на овие земји.

Денар.мк: Како ја подготвувате вашата компанија за идните предизвици во ИТ-индустријата?

Силјановски: Нашата компанија постојано инвестира во нови технологии и обуки за нашите вработени. Имаме силен фокус на истражување и развој, што ни овозможува да бидеме во чекор со најновите трендови и иновации. Работиме во тесна врска со нашите партнери и клиенти за да ги разбереме нивните потреби и да им обезбедиме решенија кои ќе ги подготват за иднината. Нашите тренинг центри играат клучна улога во оваа стратегија, бидејќи тие овозможуваат постојано надградување на знаењето и вештините на нашите вработени и партнери.

Денар.мк: Кои се вашите планови за иднината на „Инграм Микро“ во регионот?

Силјановски: Ние имаме амбициозни планови за иднината, кои вклучуваат проширување на нашите активности и воведување на нови услуги и решенија. Нашата визија е да продолжиме да бидеме водечки дистрибутер и иноватор во ИТ индустријата. Планираме да ги прошириме нашите активности и да воведеме нови услуги и решенија кои ќе им помогнат на нашите партнери да ги постигнат своите цели. Продолжуваме да инвестираме во технологија, луѓе и капацитети за да обезбедиме најдобри можни решенија за нашите клиенти. Веруваме дека со нашата посветеност и иновативност, ќе продолжиме да бидеме „чекор пред другите“.

INGRAM

Денар.мк: Оваа година „Инграм Микро“ ја одбележува 45-годишнината на своето постоење. Која е вашата тајна за успехот? Како успеавте да станете глобален лидер во индустријата и зошто е важно да се следат светските трендови и да се прилагодувате на нив?

Силјановски: Она што не издвојува од другите е континуираната посветеност и огромниот ентузијазам за работа во ова поле. Ние константно работиме водени од желбата да останеме на пиедесталот и токму затоа успеавме да станеме глобален лидер и да бидеме двигатели на промените во оваа индустрија. Секогаш сме „пред времето“ и експресно се прилагодуваме на промените кои се случуваат. Постојано ги следиме предизвиците за навремено да наоѓаме начини за нивно надминување. Дефинитивно тоа е тајната на нашиот успех. Јас навистина сум горд што сум дел од компанија која веќе 45 години работи посветено на истражувања и на создавање на иновации кои го диктираат „модерното време“. Сакам да истакнам дека, од исклучителна важност е за постојан напредок и зголемена конкурентност да се следат брзите промени во напредните технологии. Нашата клучна улога е да им помогнеме на нашите партнери да се адаптираат на овие промени и да ги применат комплексните технички решенија ефикасно. Светските трендови ја дефинираат насоката во која се движи технологијата, и следењето на овие трендови ни овозможува да останеме релевантни и конкурентни на пазарот.

INGRAM

Конференцијата „Ingram & Vendors Networking #3“ е уникатна можност за сите учесници да се поврзат, да разменат знаења и искуства и да се инспирираат за идни иновации во ИТ индустријата.

„Инграм Микро“ е основана во 1979 година и од тогаш е прерасната во еден од најголемите дистрибутери на ИТ опрема во светот. Присутни се во 45 земји и управуваат со 154 дистрибутивни центри ширум светот, а бројат околу 27.000 вработени лица. 

Нивниот успех се темели на постојаното следење на пазарните промени, воведувањето на иновации и постојаното унапредување на нивните експерти. Преку овие принципи,  компанијата се позиционира како глобален лидер во технолошката индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП