21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПредфабрикувани куќи од сериско производство- стамбено решение достапно за секого!

Предфабрикувани куќи од сериско производство- стамбено решение достапно за секого!

Во светот на недвижностите предфабрикуваните куќи се сериозна нишка, која крајните инвеститори ја препознаваат како идеално решение за брз и економичен пристап кон обезбедување на стамбеното прашање. Дополнителна придобивка е тоа што инвеститорот сам си ја бира локацијата каде што би се поставила куќата.

Следејки ги таквите трендови, од фирмата „Кобил“ од Битола веќе неколку години успешно го спроведуваат концептот на „куќи од сериско производство“. Главната замисла за овој тип на куќи е на инвеститорите да им се понудат готови планови за куќи, со неколку различни големини почнувајки од 33m2 па до 80m2, по пристапни цени и брза теренска монтажа.

Сите куќи се наменети за постојано живеење

Без разлика дали се работи за најмалата куќа од само 33m2 или моделот од 80m2, градежниот концепт до најмал детал останува непроменет и во целосна сообразност со пропишаните сертификати и елаборати за енергетска ефикасност и статичка стабилност на сите куќи кои „Кобил“ ги изведува.

При дизајнирањето на овие куќи најважени фактори се удобноста, функционалноста и сигурноста на луѓето кои ќе живеат во нив. Целиот производен процес и сите материјали кои се користат се наменети за долготрајна употреба, а самата куќа има неограничен рок на користење.

Енергетска математика – 0,00 денари за греење и ладење на куќата и 0% емисија на штетни гасови

Самиот градежен систем представува голем исчекор во совладувањето на предизвикот куќата во летениот период да се „одржува ладна“, а во зимскиот период „топла“ со минимално потрошена енерегија. Годишната потрошувачка на топлинска енергија во режим на греење и ладење на овие куќи изнесува 39-45kWh/m2 што е далеку помалку од традиционалната градба. За задоволување на овие барања, енергијата може целосно да се снабди од сонцето со поставување на фотоволтаични панели на кровот со инсталирана моќност од 6kWh, согласно законски дозволениот лимит. Кровните површини на сите куќи се релативно големи со соодветен наклон и носивост, спроведена е инсталација овозмужувајки му на инвеститорот да постави фотоволтаични панели.

Покрај тоа што годишното производство на електрична енергија ќе ги задоволи потребите на грејните и ладилните тела во куќата, придобивката од намалувањето на штетните гасови ќе ја вистинска добивка за околината!

Современо планирање на секоја просторија во куќите

Долгогодишното искуство во непосредна комуникација со клиентите и нивните просторни барања резултира со распоредите кои куќите од сериско прозиводство ги нудат. Без разлика дали инвеститорите ја купуваат куќата со цел постојано да живеат во неа или ќе им служи како викенд куќа, најголемиот дел од клиентите се согласни дека сакаат удобни и широки простории со многу природна светлина. Дневниот простор е поврзан со кујната и е замислен за место каде што целото семејство би се дружело заедно, додека спалниот односно ноќниот дел е интимно одделен од дневната соба во исто време обезбедувајки дополителна приватност на резидентите во куќата. Приклучоците во сите простории се внимателно испланирани за да има правилен распоред на белата техника и останата опрема и запазена е ергономската поставеност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП