24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАWikipedia ќе нуди статии преку SMS

Wikipedia ќе нуди статии преку SMS

wiki sms

„Wikipedia“ започна со пилот услуга, со која ќе се праќаат статии преку текстуална порака, а првенствено ќе биде насочена кон потрошувачите во Африка.

Онлајн енциклопедијата во оваа иницијатива се здружи со мобилниот оператор „Airtel“, а услугата во моментов се тестира во Кенија. Услугата ќе се користи за да дојдат до луѓето кои немаат пристап до интернет.

За да се активира услугата – наречена „Wikipedia Zero“, корисниците мора да одберат *515#.

Според  уредникот на новинарскиот сајт „HumanIPO“, Том Џексон, оваа иницијатива на „Wikipedia“ ќе биде топло пречекана.

„Оваа идеја ги зголемува шансите за пристап до сите информации, бидејќи има функција да се обезбеди „Wikipedia“ преку „SMS“. Се очекува оваа услуга да добие голема популарност“, вели Џексон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП