Веќе некое време знаеме дека системите за вештачка интелигенција не измислуваат ништо сами од себе, туку учат сè од она што го направиле луѓето пред нив. Од ова произлегоа многу проблеми, а некои од најпопуларните писатели веќе се спротивставија на оваа практика. На ред се и креаторите на YouTube.
Од компаниите за вештачка интелигенција долго време се бара да престанат да ги користат делата на човечки писатели без согласност и потпис на вистинскиот автор. За проблемот со авторските права се зборува уште од самиот почеток, бидејќи системите со вештачка интелигенција немаат моќ на креативно размислување, па едноставно го копираат она од што научиле. Отвореното писмо беше испратено од најголемата американска писателска асоцијација, а беше упатено до извршните директори на OpenAI, Alphabet, Meta, Stability AI и IBM.

