„Consumer Reports“ ги оценува производите на американскиот пазар скоро 90 години и потрошувачите во Соединетите Држави му веруваат.
Нивните оценки за автомобили се засноваат на голем број фактори, од квалитет на градба до искуство во возењето, перформансите и доверливоста, како и извештаи за задоволството на сопствениците.
Значи, ова се тестови кои комбинираат класични тестови на автомобили со мислењето на сопствениците на возила и затоа се единствени.
Организацијата, исто така, ги разгледа вредностите како што се опсегот и перформансите на полнење, а потоа ги спореди со податоците декларирани од производителот.
Резултатот е листа на електрични автомобили од „BMW“, „Hyundai“, „Ford“ и „Tesla“, меѓу другите, и голем број други брендови за кои се верува дека нудат практични автомобили кои функционираат во секојдневниот живот.
„Ги претставуваме најдобрите електрични автомобили што сме ги тестирале, рангирани според нивните вкупни перформанси, земајќи ги предвид перформансите на тестовите на патиштата, доверливоста, задоволството на сопственикот и безбедноста“, велат од „Consumer Reports“.
На врвот на листата е „BMW iX“, кој беше оценет со 84 од можни 100 поени. Следуваат „Hyundai Ioniq 6“ и „BMW i4“ кои го делат второто место со 83 поени.
Погледнете ја листата на топ 14 електрични автомобили (на американскиот пазар, имајќи предвид дека повеќето од овие модели се продаваат и во Европа):
1. „BMW iX“ (84/100)
2-3. „Hyundai Ioniq 6“ (83/100)
2-3. „BMW i4“ (83/100)
4. „Kia EV9“ (78/100)
5. „Kia EV6“ (77/100)
6. „Porsche Taycan“ (76/100)
7-8. „Genesis GV60“ (75/100)
7-8. „Lexus RZ“ (75/100)
9. „Tesla Model Y“ (72/100)
10-11. „Audi Q4 e-tron“ (71/100)
10-11. „Kia Niro“ (71/100)
12-14. „Nissan Ariya“ (70/100)
12-14. „Ford Mustang Mach-E“ (70/100)
12-14. „Audi Q8 e-tron“ (70/100).