12 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Jaguar“ се откажа од дури пет модели

„Jaguar“ се откажа од дури пет модели

Поминаа повеќе од три години откако „Jaguar Land Rover“ (JLR) ја претстави својата стратегија за прифаќање на електрификацијата. Најконтроверзната точка на планот беше „Jaguar“ да стане производител на само електрични возила до 2025-та година.

Тоа нè носи до новото соопштение дадено од портпаролот на „JLR“ во интервју за „Automotive News Europe“. Имено, кон крајот на оваа година „Jaguar“ ќе прекине со дури пет актуелни модели.

„Jaguar XE“, „XF“ (седан и караван),„ F-Type“, „E-Pace“ и „I-Pace“ ќе престанат со производство.

Првично, компанијата најави дека електричниот „SUV“ – „I-Pace“ ќе остане во гамата заедно со новата генерација на електрични возила. Сепак, „Jaguar“ оттогаш се предомисли, така што „I-Pace“ ќе ја дели истата судбина како и останатите четири модели со SUS мотори.

Многумина се прашуваат зошто брзаат? Извршниот директор на „Jaguar“, Адријан Мардел, им кажа на инвеститорите дека петте модели едвај заработуваат пари и дека нивната „профитабилност е блиску до нула“.

Тој отиде дотаму што ги нарече „инфериорни“ производи.

Згора на сето тоа, последниот „Jaguar F-Type“ веќе излезе од производната лента, така што овој модел е практично прекинат.

Со укинување на пет модели, линијата на „Jaguar“ ќе се намали на само едно возило. Остана само теренецот „F-Pace“, но деновите му се изброени со оглед на најавената целосно електрична стратегија.

Првиот концепт автомобил од новата генерација на електрика доаѓа подоцна оваа година, со најава за моделот „EV GT“ кој ќе чини над 100.000 фунти. Наводно веќе работат на голем електричен „SUV“ модел.

„JLR“ го позиционираше „Jaguar“ на пазарот со тоа што избра да се фокусира на автомобили со помал обем и поголем профит, во обид да им конкурира на брендовите како што е „Bentley“.

Сепак, главната разлика помеѓу двата британски производители на автомобили е тоа што брендот „VW Group“ ќе продолжи да продава автомобили со SUS мотори и во следната деценија. Оригиналниот план беше „Bentley“ да стане целосно електричен до 2030-та година, но таа цел неодамна беше потисната за три години.

„JLR“ е во сопственост на индиската „Tata Motors“, а компанијата планира „обновениот“ бренд „Jaguar“ во иднина да продава нешто помалку од 50.000 автомобили годишно.

Сите идни модели ќе бидат изградени на механичката платформа „JEA“ за електрични возила со долго меѓуоскино растојание развиена специјално за „Jaguar“.

Новите електрични возила се очекува да имаат управување со задни тркала, погон на четири тркала и можности за брзо полнење.

Исто така, се наведува дека новиот дизајнерски јазик со фокус на минимализмот нема да направи новите модели да изгледаат речиси ништо како автомобилите SUS во заминување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП