9 мај, 2025
ПочетнаСВЕТОРБАН ДОСТАВИ ПЛАН ЗА УКРАИНА! Европските земји добија предлог за КОНЕЧНО решение...

ОРБАН ДОСТАВИ ПЛАН ЗА УКРАИНА! Европските земји добија предлог за КОНЕЧНО решение на војната: „Ако сакате мир, тогаш сега е време“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на лидерите на земјите од Европската унија им испрати предлози за начините за решавање на украинскиот конфликт врз основа на резултатите од неговата мировна мисија, за време на која од 2 до 11 јули ги посети Русија, САД и Украина. Според неговиот политички советник и имењак Балаш Орбан, унгарскиот акционен план е на масата на сите европски шефови на влади.

Премиерот писмено ги информираше лидерите на Европскиот совет за резултатите од првата фаза од преговорите, за мировната мисија и за предлозите на Унгарија. „Ако Европа сака мир и сака да има одлучувачки глас за решавање на воениот конфликт и ставање крај на крвопролевањето, тогаш сега мора да развие и спроведе промена во својот политички курс“, изјави советникот на премиерот во интервју за весникот „Маѓар Немзет“.

Тој истакна дека „планот на Орбан сега е на масата на секој премиер на ЕУ“. Според Балаж Орбан, овој план вклучува реална проценка на ситуацијата, реални цели и соодветен распоред за дејствување.

Нашиот пристап се базира на тоа“, потенцира советникот на шефот на унгарската влада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП