Од денеска 15 јули, НЛБ Банка воведува нова, промотивна понуда за депозити за физички лица со атрактивни каматни стапки за штедни влогови во денари и во евра. Дизајнирана за сите оние кои сакаат да го максимизираат растот на своите средства, промотивната понуда на НЛБ Банка нуди конкурентни каматни стапки и сигурност на штедните влогови.
Промоцијата која се однесува на ново-склучени договори за штедење е со важност до крајот на септември и нуди СУПЕР депозитни продукти со фиксни каматни стапки и тоа: за депозити во денари – каматни стапки до 4%, и за депозити во евра – каматни стапки до 3%, со рок на орочување до 25 месеци.

