2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВака ќе изгледаат рекламите на Instagram

Вака ќе изгледаат рекламите на Instagram

rekla insta

„Instagram“ најави дека ќа започне со поставување на реклами во „stream“-от на корисниците, а сега имаме можност да видиме и како тие реклами ќе изгледаат.

Во пост на блогот на компанијата, од „Instagram“ објавија дека корисниците ќе знаат дека станува збор за реклама кога ќе ја видат ознаката „спонзорирано“, таму каде што би требала временската одредница би требала да стои.

На почетокот на наредната недела овие реклами ќе се најдат на милионите профили на корисниците, се со цел компанијата да покаже како точно ќе функционира спонзорскиот систем.

„Instagram“ исто така сака корисниците да го коментираат новиот систем кој наскоро ќе биде имплементиран.

„Доколку видите реклама за која не сте заинтересирани, можете да го притиснете копчето кое се наоѓа под неа за да ја отстраните и можете да ни кажете што не ви се допаѓа во врска со новиот систем. Тоа ќе ни помогне во иднина да ви прикажеме многу поинтересни реклами“, стои во соопштението на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП