20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃаволите даваат 30 милиони за Пјаниќ

Ѓаволите даваат 30 милиони за Пјаниќ

AS Roma's midfielder of Bosnia-Erzegovin

Манчестер Јунајтед е подготвен да извади 30 милиони евра, за да ги обезбеди услугите на плејмејкерот на Рома, Миралем Пјаниќ.

Босанецот досега има фантастична сезона, тој за екипата од Рим постигна 3 гола и 1 асистенција, која пак е со 9 последователни победи во Серија „А“.

„Црвените ѓаволи“ се подготвени да испратат понуда за него уште во јануари. Јунајтед подолго време страда од недостаток на фудбалер кој ќе ја гради играта на тимот. Во текот на летото во клубот дојде Маруан Фелаини, но тој досега не успеа да се вклопи во амбиентот на „Олд Трафорд“.

Освен тоа Белгиецот не е типичен плејмејкер за разлика од Пјаниќ. Токму поради тоа Дејвид Мојс ќе направи се за да го доведе во клубот 23 -годишниот халф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП