Федералната управа за воздухопловство (FAA) денеска соопшти дека проверува 2.600 авиони Боинг 737 бидејќи маските за кислород на патниците може да откажат во итен случај.
FAA соопшти дека инспекција проверува 737 Max и NG по бројните извештаи за поместување на генераторите на кислород во единицата за патнички услуги, што може да доведе до неможност да им се обезбеди на патниците дополнителен кислород за време на депресуризацијата, објави Ројтерс.
Администрацијата додаде дека нејзината директива стапила во сила веднаш и бара инспекции и корективни мерки доколку е потребно во рок од 120 до 150 дена за моделот 737 Max.
FAA, исто така, им забранува на авиокомпаниите да инсталираат потенцијално неисправни делови.
Авиокомпаниите мора да извршат општа визуелна инспекција и доколку е потребно да ги заменат генераторите на кислород со нови или работни генератори на кислород и термалните влошки со ленти, соопшти агенцијата.
На крајот на месецот, американското Министерство за правда побара од водечкиот светски производител на авиони Боинг да се изјасни за виновен по кривичните обвиненија откако беше откриено дека компанијата ја прекршила одложената обвинителна спогодба од 2021 година за две авионски несреќи во 2018 и 2019 година во кои загинаа 346 луѓе, изјавија денеска за Ројтерс два добро информирани извори.