22 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAndroid добива некои сериозно корисни опции, погледнете кои се тие

Android добива некои сериозно корисни опции, погледнете кои се тие

Google подготвува нови опции кои треба да ја подобрат безбедноста на корисниците дури и откако телефонот ќе им биде изгубен или украден.

Опциите беа објавени на настанот Google I/O 2024, а сега се достапни во бета верзија, па знаеме малку повеќе за тоа како точно функционираат.

Само имајте на ум дека опциите сè уште може да се доработуваат пред да станат достапни за пошироката јавност.

Ова се опциите:

-Theft Detection, детектирање кражба која автоматски го заклучува уредот доколку неговата шема на движење сугерира можна кражба

-Remote Lock, далечинско заклучување кое му овозможува на сопственикот, откако ќе одговори на безбедносно прашање, да го заклучи уредот од далечина, од друг уред

-Offline Device Lock, заклучување на офлајн уред кој не е во мрежа која е осмислена да овозможи заклучување на уред што е исклучен

Програмерите кои ги анализираа овие опции предупредија на неколку нелогичности, кои сепак може да се поправат пред да ги пуштат опциите за сите корисници.

Имено, при користење Offline Device Lock, уредот може да се заклучува само два пати на ден, веројатно за да се спречи случајно заклучување. Исто така, опцијата се активира само ако отклучениот телефон одеднаш се одјави од интернет, што може да сугерира кражба.

Проблемот е што оваа опција може да се заобиколи, релативно лесно, на пример со ставање на телефонот во Airplane Mode.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП