12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМерцедес GLA во специјално издание(фото)

Мерцедес GLA во специјално издание(фото)

glamodel

Германскиот производител ги објави деталите од моделот „GLA Edition 1“ кој ќе можат купувачите да го нарачаат веќе во ноември, доколку се подготвени да дадат 6.307 евра, колку што чини доплатата за овој автомобил на Мерцедес од ограничената серија.

Праксата на Мерцедес, првата година од продажбата на некој нов модел да ја одбележи со посебна серија, продолжува и со корсовер моделот „GLA“. Заснован на пакетот „Urban“, „Edition 1“ има би-ксенон фарови, затемнети прозорци, црни куќишта на надворешните ретровизори, хромирани шини на покривот и 19 инчни алуминиумски бандажи во „AMG“ стилот.

glamodel1

Од Мерцедес изборот на боја го ограничија на четири специјални нијанси: „Cirrus white“, „Orient brown metallic“, „Mountain grey metallic“ и „Designo Magno Mountain grey“.

Седиштата се обложени во комбинација на кафена кожа и текстил. Со кожа е обвиткана и горната површина на командната табла, како и потпирачите за раце. Посебно естетско доживување во кабината нудат деталите од алуминиум и педалите од нерѓосувачки челик, како и пакетот кој содржи и амбиентално осветлување во внатрешноста на возилото, „Light and Sight“.

glamodel2

„Mercedes GLA Edition 1“ ќе биде достапен во верзии со четири мотори – два бензински и два дизел. Послабиот бензински мотор е опремен со 1.6 литарски агрегат со 156 ks (115 kW) и 250 Nm, додека помоќната верзија, „GLA 250“, ќе ја придвижува 2.0 литарска единица која ќе произведува 211 ks (155 kW) и 350 Nm максимален вртежен момент.

Изборот на дизел мотори ги опфаќа моделите со 2.1 литарски агрегати, и тоа 136 ks (100 kW) и 300 Nm, и со 170 ks (125 kW) и 350 Nm.

glamodel3

Купувачите кои сакаат нивниот „GLA“ да се разликува од стандардната верзија, можат со доплатата да го нарачаат моделот „Edition 1“ веќе во ноември, но нивното возило ќе им биде испорачано дури во март 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП