19 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаскоро супер-батерии што се полнат за неколку минути

Наскоро супер-батерии што се полнат за неколку минути

siliconanode

Батерии за мобилни уреди што може да се полнат за неколку минути и траат до неколку недели, може да бидат резултат на моменталните
испитувања со силиконски супер кондензатори.

Истражувањата што моментално ги спроведуваат американски научници би требало да доведат до тоа специјално дизајнирани тенки листови силикон да овозможат брзо полнење
на батериите и речиси истовремено нивно користење.

Според научниците силиконските додатоци би можеле многу лесно и брзо да се нанесат на веќе постоечките чипови и применат во процесот на производство на разчични електорнски
компоненти.

Научниците од Универзитетот Вандербилт во Тенеси извршиле тестирања на различни материјали со цел да утврдат кои од нив се најпогодни за создавање на евтин и мал супер-
кондензатор.

Тимот воден од инженерот Кери Пинт открил дека силиконот е одлично средство, откако бил употребен начин за лесно нанесување тенок слој со дебелина од само неколку нанометри.
Според научниците овој нов тенок слој силикон има многу слични карактеристики како и тој што се употребува за комерцијалните супер кондензатори.

Тоа овозможува брзо апсорбирање енергија и подолг живот на батериите во однос на конвенционалните батерии.

Моментално главна задача е да се пронајде начин за користење на силиконските супер кондензатори во сегашното производство, така што би можеле да се користат во мали
електронски апарати како што се мобилните телефони.

Сепак, како основна и најкорисна практична примена според научниците супер кондензаторите би имале во системите на соларни електрични централи. Супер кондензаторите би претставувале лесно решение на проблемот со чување на соларната енергија и би можеле лесно да се постават на соларните панели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП