30 јуни, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАЌе се реши ли конечно паркирањето во Дебар маало со нова општинска...

Ќе се реши ли конечно паркирањето во Дебар маало со нова општинска зграда?

Општина Центар објави конкурс за идејно решение за проектирање на нова општинска зграда на место на постоечката во кое се предвидува паркинг простор за околу 300 возила. Граѓаните во Дебар маало кои имаат секојдневни проблеми за паркирање дури и пред сопствените домови во ова конкурсно решение наѕираат и решение за овој неколку децениски проблем. Дебар маало е затнато со автомобили од бројните ресторанчиња и кафе барови кои се преполни со луѓе. Огромната фреквенција на посетители е сериозен предизвик за изнаоѓање решение за паркирањето но се чини тоа е на повидок токму во овој план на Општина Центар за изградба на новата зграда на општината.

Идејното решение, покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории покрај 300те паркинг места, предвидува и внатрешен и надворешен простор за паркирање на 100 велосипеди. Според општината со ова ќе се решат актуелните проблеми со стационираниот сообраќај во непосредното опкружување, настанати со половична реализација на претходните плански решенија. Дополнително, на градежната парцела се предвидува мал плоштад, парк со фокус на влезниот портал од Учителската школа, како и безбедно сообраќајно решение за пристапи и движење на возила, велосипеди и пешаци.

Оценувањето на трудовите ќе го врши стручно жири, а Општината ќе додели и парични награди за најдоброто идејно решение за новата општинска зграда, и тоа за прво 750.000,00 за второ 400.000,00 и за трето место 300.000,00 денари. Право на учество на конкурсот имаат правни и физички лица стручни во областа на архитектурата и урбанизмот, а крајниот рок за предавање на трудовите е 27.9.2024 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП