4 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Stellantis“ се заканува дека ќе си замине од Велика Британија

„Stellantis“ се заканува дека ќе си замине од Велика Британија

„Stellantis NV“ ќе престане да произведува возила во Британија ако владата не ги олесни целите за продажба на електрични возила, само неколку месеци откако итало-француската автомобилска групација преуреди една од своите погони во Велика Британија за да произведува само комбиња напојувани од батерии, пренесува „Bloomberg“.

Целите за продажба на автомобили со нулта емисија на штетни гасови се неодржливи, истакна пред новинарите Марија Грација Давино, управен директор на компанијата за регионот.

Велика Британија оди на општи избори на 4-ти јули, при што владејачката Конзервативна партија и опозициската Лабуристичка партија веќе изјавија дека се подготвени да се држат до сегашните цели за продажба на електрични автомобили.

„Stellantis“ произведува мали електрични комбиња за своите марки „Vauxhall“, „Citroën“, „Peugeot“, „Opel“ и „Fiat“ во фабриката во Елесмер Порт, по инвестицијата од 100 милиони фунти за преобразување на фабриката во фабрика за склопување само со електрична енергија.

Компанијата, исто така, произведува комбиња со средна големина во Лутон, во близина на Лондон.

„Направивме големи инвестиции и во Елесмер Порт и во Лутон“, рече Давино на настан организиран од Здружението на производители и трговци на мотори (SMMT) во Лондон. „Но, ако тој пазар стане непријателски настроен кон нас, ќе бараме производство на друго место“, предупредува таа.

Обединетото Кралство воведе правила со кои се бара 22% од продажбата на секој производител да бидат автомобили со нулта емисија на штетни гасови оваа година, со ова барање да се заостри на 80% во 2030-та година.

Кај комбињата уделот на електричните модели до крајот на деценијата треба да биде 70%.

Лабуристите ветија дека ќе ги задржат правилата доколку победат на изборите следната недела.

Во меѓувреме, побарувачката на потрошувачите за електрични возила е забавена во последните месеци поради високите цени и неразвиената инфраструктура за полнење. Давино истакнува дека целите за 2030-та година „може да се покажат штетни“ и да го принудат „Stellantis“ да направи отстапки во обид да продаде повеќе електрични автомобили за да избегне казни до 15.000 фунти по возило.

Запрашана колку долго „Stellantis“ – најголемиот производител на комби во Велика Британија – може да помине без промени на режимот, Давино одговори: „Помалку од една година“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП